1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Основни податоци за Центарот

 

Установата е основана со решение на собрание на општина Струмица бр. 01-636/1 од 15.01.1966 година и запишана во Окружен стопански суд во Штип со решение ус. бр. 48/66 од 19.02.1966 година.
Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи функционира како стручна установа со јавни овластувања заради вршење работи од социјалната заштита во рамките на секторот за социјална заштита при Министерството за труд и социјална политика на РМ.

Внатрешната организација на Установата е определена согласно надлежностите утврдени со Законот за социјална заштита, Законот за заштита на децата, Законот за семејство, Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Законот за правда на децата, Законот за азил и привремена заштита, Кривичниот законик, Законот за кривична постапка и други законски прописи.

Со внатрешната организација на Установата се обезбедува законито, стручно, ефикасно, ефективно и економично вршење на работите и задачите утврдени со закон, насоченост на корисниците на услугите, независност и одговорност при вршење на службените задачи, делегирање на овластувања и внатрешна координација и успешно раководење со организациските единици и Установата во целина. Јавната установа е со надлежност на подрачјето за општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица.
Работните задачи во установата се вршат преку следните организациски единици:

  • Служби
  • Услуги

1. Оддел за административно и помошно – технички работи

  • Дел за административни работи и управување со човечки ресурси
  • Дел за помошно-технички работи

 

2. Служба за права од парична помош

  • Оддел за права од парична помош за општина Струмица
  • Оддел за права од парична помош за општините Босилово, Василево и Ново село


3. Служба за услуги од социјална заштита

  • Оддел за социјална заштита и советувалиште – советувалиште жртви на семејно насилство, советувалиште за работа со сторители на семејно насилство, советувалиште за работа со корисници со нарушени партнерски, семејни и односи родители деца и советувалиште за работа со деца и младинци со воспитно-социјални проблеми
  • Оддел – Центри за дневен престој

Календар на настани

Март 2025
П В С Ч П С Н
24 25 26 27 28 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Линкови

mtsp

zsd

sudovi

ojo

mvr

uvmk

avrm

ujp

skoli

mls

nvo

bolnica